СДСМ: Легитимна е мнозинската граѓанска волја, не криминалната на поединци

Од:

„Граѓаните и Република Македонија брзо ќе добијат стабилна Влада со полн легитимитет, што ќе ги заштити граѓанските и државните интереси!

Новата Влада ќе обезбеди квалитетен живот и развој на државата, наместо криминалите и изолацијата од досегашната власт, што ги загрозија егзистенцијата на луѓето и развојот на земјата.

Прво ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата Влада, согласно Деловникот, Уставот и законите.

Трајко Велјаноски и Ѓорге Иванов не смеат противуставно и противзаконски да ги блокираат демократските процеси. Тие се должни согласно Уставот и законите да овозможат мирен трансфер на власта.

Во Парламентот демократски е формирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници, кои претставуваат околу 700.000 граѓани!

И во Македонија, како и секаде во светот, формираното парламентарно мнозинство е власт, бидејки тоа ја одразува мнозинската волја. А како и во секоја демократска земја во светот, и во Македонија, согласно Уставот и законите партиите по изборите имаат право да го формираат мнозинството кое што има должност да се обиде да ја формира новата Влада.

Со Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ никој не сака да коалицира. Оттука, нови и нови избори не се решение, туку туркање на граѓаните и Македонија во долга политичка криза со несогледливи последици по економијата и стабилноста.

ВМРО-ДПМНЕ има 51 пратеник во Собранието. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се веќе опозиција. Затоа, Велјаноски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Иванов, се должни итно да обезбедат здрав разум што е загрозен кај Груевски и фамилијата од стравот од промените.

Легитимна е мнозинската волја, а не криминалната волја на поединци! Секое попречување на мнозинската волја со насилство и разгорување тензии е дело против државните интереси!

Според мнозинската волја и Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, ќе има живот за сите, правда и правичност. Македонија ќе биде едно општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски, земја со среќни граѓани, со повисоки плати, со еднакви шанси за успех на сите.

Демократските процеси се незапирливи. Граѓаните ќе ја добијат новата реформска Влада за којашто гласаа на изборите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски