СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ

Од:

Откако секојдневно излегуваат информации дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ има резервна држава и резервен пасош, смешни се обидите на Миле Лефков да ја обвини СДСМ за било што поврзано со Бугарија или да продава лажен патриотизам, велат од СДСМ.

„Му препорачуваме да се скрие во дупка или да си отиде во резервната држава, наместо да држи прес-конференции за тоа кој бил патриот, а кој предавник. Освен лицемерие, поделби и лажен патриотизам, ДПМНЕ нема направено ништо повеќе од една година за граѓаните и за државата. Нивното владеење е една голема нула. Затоа Лефков и Мицкоски немаат што друго да зборуваат, освен секојдневно како папагали да ги повторуваат истите прес-конференции.

Реалноста е дека ДПМНЕ има толку многу бугарски државјани во своето раководство што може, ако сака, да формира влада во Бугарија. Им порачуваме да престанат, затоа што се прочитани како буквар од граѓаните и само дополнително се заглавуваат во приказната за патриоти и предавници. Наутро ги уживаат бенефитите како граѓани на ЕУ, а попладне прават сè државата да не влезе во ЕУ. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, лаги, лицемерие и лични интереси, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените