А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Лажните вести нема да му помогнат на Груевски да го избегне убедливиот пораз, изборите ќе бидат фер и слободни

by А1он09/09/2017 - 13:40112
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Сеењето страв, злоупотреба на институциите, притосоците, нарачувањето апсења и рушења објекти, тегнењето за уши беа само дел од широката палета на методи на присила што ВМРО-ДПМНЕ ги користеше за време на нивното владеење.

ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓивски треба да се помират со фактот дека времето на злоупотреби на институциите заврши кога тие заминаа во опозиција. Очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку ширење лажни вести да го подигнат моралот на нивниот лидер Никола Груевски. Лажните вести и манипулации нема да и помогнат на опозициската партија да го избегне извесниот убедлив пораз на локалните избори.

Државните институции се професионализирани и ослободени од криминалните стеги на Никола Груевски и Сашо Мијалков. Претстојните локални избори за прв пат после неколку години ќе бидат целосно фер, слободни, регуларни и ќе ја одразат вистинската изборна волја на гласачите. Секој кој ќе работи спротивно на законот ќе одговара за своите постапки без разлика на неговата партиска определба или општествена функција.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи отворено, чесно, професионално и единствено во интерес на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен