СДСМ: Лажните вести и измислици покажуваат колку е голем очајот во раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Соочени со сопствената изолација и фактот што јавноста ја дозна вистината за поврзаноста и шемите на Христијан Мицкоски со Никола Груевски, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема идеја ниту што да каже на прес конференција.

Лажните вести и измислиците пласирани денеска покажуваат колку е голем очајот во антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите овие лаги се демантирани. Впрочем и самата компанија (Секе ДООЕЛ) уште во текот на вчерашниот ден, категорично демантираше било какви поврзаности со споменатиот бизнисмен од Русија, како и со Владата.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да научи дека со измислици не може да се покрие фактот што антизападниот пион Мицкоски преку шемите со неговиот ментор Груевски добил 33 илјади метри квадратни државно земјиште за хидроцентрали.

Со лажни вести не може да се покрие вистината дека антинародниот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.

Ниту една измислица, ниту една мега лажна вест, не може да го покрие фактот дека во фирмата на Мицкоски, Енерготек, е и Димитар Димовски, левата рака на осомничениот Миле Јанакиевски, сега член на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Заглавена во матрицата на Никола Груевски, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очигледно им пречат странските инвестции во земјава.

Зошто на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ му пречат странските инвестии во Македонија?“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања