СДСМ: Лажна и лицемерна е наводната грижа на Никола Груевски за студентите

Од:

„Брда и долини ќе најави пред заминување Никола Груевски.

После 10 години тотална негрижа за студентите и нивните потреби, сега, пред избори и пред заминување, Никола Груевски се сети на студентите?

Доцна е за Никола Груевски, никој не му верува а најмалку студентите.

Никола Груевски за 10 години не изгради ниту еден студетски дом. Како што самиот призна барал локација, цели 10 години.

Соочен со изборен пораз, без резултат и без идеи, Никола Груевски ветува нов студетски дом на местото на руинираните бараки Медицинар. Зарем Груевски мисли дека студетите заборавија оти тој од 2013 година најавува студетски дом на ова место?

Наместо студентски дом и подобрување на условите за студентите за Никола Груевски приоритет во изминатите години беше богатењето на фамилијата и матните бизниси на братучедот Сашо Мијалков.

Лажна и лицемерна е наводната грижа на Никола Груевски за студентите. Најдобра потврда за тоа е што Груевски не изгради студетски дом ама изгради луксузно партиско седиште во Скопје вредно милиони евра.

Ако навистина сака да покаже грижа за студентите, ВМРО-ДПМНЕ уште веднаш нека ја отстапи својата луксузна зграда во центарот на Скопје за студентски дом. На ВМРО-ДПМНЕ воопшто нема да им недостига простор со оглед на тоа што имаат 63 објекти низ земјава со близу 12.000 квадратни метри, вредни 11 милиони евра.

Грaѓаните, младите, студентите одбројуваат. Сите го чекаат заминувањето на човекот што ја опустоши Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ