СДСМ: Лажна е веста дека СДСМ или нејзини членови се заканувале кон советници од ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба

Од:

СДСМ реагира на денешната прес-конференција на Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ да пласира лажни вести за наводни притисоци кон граѓаните или советниците, кога уцените, заканите, притисоците и насилството кон граѓаните се одлика и познат метод на функционирање исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради таквиот начин на владеење ВМРО-ДПМНЕ беше казнета на последните локални избори.

Лажна е веста дека СДСМ или нејзини членови се заканувале кон советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. Тоа не е точно. СДСМ ја почитува изборната волја на граѓаните, ги поддржува и промовира демократските вредности како врвен интерес на граѓаните.

Оттука, СДСМ очекува надлежните институции до крај да го расчистат случајот за кој денес лажно обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа ќе се дознае кој навистина се заканувал и ќе се тргне отворениот сомнеж дека денешната прес конференција на Тони Бојковски е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги заштити вистинските извршители на заканите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски