СДСМ: Лашкоска е симбол на непотизам, ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности

Од:

Очигледно дека раководство ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности, во транс од лицемерие на прес конференција во белиот дворец зборува Ане Лашкоска, симбол на непотизам во Прилеп и околината, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствената „реформа“ што ја знае Лашкоска е како да го вработи речиси целото свое семејство во државни институции.

Наместо да прераскажува содржини објавени на социјални мрежи, Лашкоска треба да одговори, како нејзниот брат станал член Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица”, а неговата сопруга се вработила во ОУ „Кире Гавриловски”во Прилеп?

Пред да зборува за реформи и капацитети, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ да одговори како нејзината мајка станала директорка на ОУ „Добре Јовановски“?

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои се посветени на лажни вести и деструкција, СДСМ демонстрира сериозна одговорност пред граѓаните и пред сопствената држава.

Во таа насока се и одлуките за суштинско спроведување на промени на централно и локално ниво, со единствена цел забрзување на економскиот напредок на земјата, за подобри услови во општеството и подобар живот на сите граѓани.

Сите избрани или именувани носители на јавни функции за својата работа сносат одговарност пред граѓаните и законите.

Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, секаде каде што постои законско и морално прекршување ќе следува одговорност.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје