СДСМ: Лагите на медиумските курири не можат да ги покријат поразите на Груевски, следува одговорност

Од:

„Попусто медиумските курири шират невистини со цел да ги покријат поразите на Никола Груевски и бегањето на ВМРО-ДПМНЕ од слободни, фер, демократски и регуларни избори.

Пропадна и една од последните надежи на Никола Груевски за апас, аблоцијата од Ѓорге Иванов целосно се поништи. Следува одговороност за криминалот.

Корупцијата и криминалот на власта, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак.

Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на Курир за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра.

Токму затоа, медиумските курири вистински платеници коишто засилено шират невистини за да ја прикријат вистината, која е болна за оваа криминална власт.

Но, ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност. Најмалку лагите и медиумските хајки што куририте ги водат против независната институција Специјално јавно обвинителство.

Едно е јасно, правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема спас за Никола Груевски и неговото друштво“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО