СДСМ: Лагите и невистините што ги шири антиевропското ДПМНЕ ги поддржаа едвај 200 приврзаници на губитникот Мицкоски

Од:

„Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина на државата, Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста.

Хистеријата што Мицкоски ја ширеше во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец, во обид да се закочи државата, да стави уште една сопка, се издиша како балон.

Едвај 200 приврзаници на губитникот Мицкоски ги поддржаа лагите и невистините што ги шири антиевропското ДПМНЕ“, велат СДСМ.

„Јавноста синоќа сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство, а Мицкоски доживеа да биде исвиркан на протест, што самиот го организираше.

Но, едно е јасно, граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ.

Граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет, во најтешките преговори во историјата на земјата, кој ја одведе државата во полноправно членство на НАТО, а кој нема чувство за државен и национален интерес, кој ја држеше земјата 11 години во изолација.

Затоа Мицкоски доживеа дебакл на својот протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место