СДСМ: Курир има улога на главен и одговорен уредник на медиумите под контрола на власта

Од:

Провладиниот портал Курир работи како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ, што е видливо за целокупната општествена јавност. Провладиниот портал Курир освен што работи како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ, има улога и на главен и одговорен уредник на медиумите под контрола на власта, за што исто така е сведок целокупната јавност во Македонија, велат од СДСМ.

Професионалниот однос на СДСМ кон порталот Курир, сепак, се покажува преку редовното информирање на порталот за сите активности на СДСМ и преку одговорите на сите прашања поставени од лица од порталот, присутни на јавните настапи на СДСМ.

Наспроти тоа, активностите и ставовите на СДСМ, најчесто не се пренесени или се пренесени извадени од контекст, а за објавените манипулативни и неточни информации поврзани со СДСМ, воопшто не е испочитувано елементарното новинарско правило, пренесување втора страна.
Разбирлива е желбата на уредништвото на порталот да ја одлепи партиската етикета од себе, но СДСМ за тоа не може да му помогне на порталот Курир.

Демократскиот капацитет на СДСМ и почитувањето на правото на јавно изречен збор се огледа во ставот на СДСМ да не поднесе тужби за речиси секојдневите написи на Курир, полни со лаги, шпекулации и клевети за Социјалдемократскиот сојуз и за раководството на СДСМ, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата