СДСМ: Крвавите сценарија не успеаја, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса се распадна

Од:

„Не успеаја крвавите сценарија во режија на Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса за граѓански судир и етнички конфликт“, велат од СДСМ.

„Целата јавност виде како Мицкоски за свои лични цели беше подготвен да ја втурне државата во конфликт. Човекот кој требаше да има клучна улога се покажа дека е брат на висок функционер на Алијанса за Албанците, кого Данела Арсовска го постави на директорска функција.

По неуспехот се заплеткаа во сопствените лаги, Алијанса вели се бранел, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта, Алијанса го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски прво велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата.

Неуспехот на овие мрачни сценарија доведе и до растурање на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците.

Граѓаните да останат смирени, да не подлегнувааат на овие опасни сценарија.

СДСМ и институциите што ги предводи нема да дозволат некој да жртвува луѓе, да разгорува меѓуетнички тензии заради остварување на партиските интереси на Мицкоски и неговите апетити за власт“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски