(ВИДЕО) СДСМ: Кривични за Израелецот Хаим Хакијни, Мијалков и судијката Костова

Од:

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска поднесе кривични пријави против директорот на УБК, Сашо Мијалков, Светлана Костова судијка во Вишиот Управен суд и Хаим Хакијни, странски државјанин.

Пријавата на опозициската СДСМ е за како што велат мега корупцискиот скандал за набака на опрема од Израел.

„Кривичните дела за кои што е поднесена пријавата се примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, како и за кривично дело давање поткуп.

Во текот на 2011 година, првоосомничениот Сашо Мијалков преку НН фирма примил провизија од 840.000 евра, 540.000 евра и 200.000 евра како награда за склучување договор за набавка на опрема, по значително повисока цена од реалната.

Со тоа Сашо Мијалков сторил кривично дело примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластување.

krivicna

Второосомничената Светлана Костова, му помогнала на првоосомничениот и посредувала во врска со плаќањето на наградата и склучувањето на договорот за набавка на опремата.

Третоосомничениот го договорил и извршил плаќањето на наградата со што сторил кривично дело дацање поткуп.

Со дејствијата на тројцата осомничени била нанесена штета на Буџетот на Република Македонија од големи размери, која што дополнително треба да се утврди, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија