А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Криминалната ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше проблемот со загадувањето

by А1он22/12/2018 - 08:5980
Share0

„Игнорирање на толку важен проблем како аерозагадувањето и непревземањето никакви акции за негово решавање цели 11 е одлика на несериозност и неодговорност кон граѓаните и животната средина и граѓаните од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и денеска покажува иста неодговорност и нема ниту план ниту предлог ниту визија.

Наспроти овој несеириозен однос, владата предводена од СДСМ, градот Скопје, општините и надлежните институции преземаат континуирани мерки за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.

Активностите за обновување на уништените зелени површини продолжуваат секојдневно на ниво на сите општини. Како дел од тие акции, Град Скопје и Општина Гази Баба го реконструираа и хортикултурно го уредија Финскиот парк во населба Ченто, на површина од 13 илјади квадрати.

Претходно, акции со засадување на дрвја се спроведоа на повеќе локации во општините Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Бит пазар како дел од планот на град Скопје за засадување на 130 илјади квадратни зелена површина , што воедно претставува рекорд за една календарска година.

Зголемувањето на буџетот на град Скопје за заштита на животната средина за 32 проценти, поставувањето на 527 прочистувачи за воздух во 23 средни училишта, зазеленувањето , набавката на 40 нови еколошки автобуси и субвенции за електрични возила и плински уреди на автомобилите се само дел од мерките кои се спроведуваат со цел решавање на проблемот со загадувањето и чист воздух.

Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции продолжува со заложбите за поздрава животна средина и почист воздух за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен