СДСМ: Криминалната банда ќе се соочи со правадата, враќање назад нема, може да има само регуларни избори

Од:

@Никола Груевски покажа дека за него и за криминалната банда од врвот на ВМРО-ДПМНЕ најважни се аболициите што по нарачка ги добија од лицето Ѓорге Иванов.

Аболицираниот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го продолжуваат државниот удар врз Република Македонија.

Целта на Никола Груевски е што повеќе да ја искомплицира длабоката криза во Македонија надевајќи се дека ќе тргува со се’, само за да остане аболицијата од Иванов.

Граѓаните и цела демократска Македонија предводена од Зоран Заев порачуваат: Ништо нема да ја спаси криминалната банда на Никола Груевски од одговорност.

Секој што го прекршил законот ќе одговара!

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Со отворањето на Вистината за Македонија го покажа вистинското лице на криминалната власт на Никола Груевски.

Како што му доликува на овој трпелив, но храбар народ и како што и доликува на СДСМ, заедно со граѓаните ја поведе битката за човековите, уставните и државните вредности во Македонија.

Денеска, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата.

Враќање назад нема!

Нема избори без прочистен избирачки список, без реформи во медиумите, без одвојување на партијата од државата.

Во Македонија ќе има избори кога ќе се исполнат сите услови за слободни, фер, демократски и регуларни избори.

Криминалците ќе се соочат со правдата и со вистинската волја на граѓаните на регуларни избори“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он

СДСМ: Просечна плата над 1.000 евра, минимална од 600 евра во новиот наш мандат

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ со рацете во медот, мора да има одговорност за скандалот со купувањето поскапи машини