СДСМ: Ковачки не само што ја напуштил АРМ туку има и кривична пријава, толку е очаен Мицкоски

Од:

„Фатени со рацете во медот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нервозно објавуваат лаги и манипулации за претседателот Ковачевски. Колку е очаен шпицниот градоначалник Мицкоски, покажува примерот со Драган Ковачки“, велат од СДСМ.

„Еве зошто Мицкоски го одбрал Ковачки за пласирање на невистини и манипулации. Прво единствен воен дезертер на политичката сцена е Драган Ковачки.

Ковачки беше Полковник во АРМ но политички дезертираше и ја напушти Армијата за да му слугува на Мицкоски како пратеник. Дополнително јавноста треба да знае дека против Драган Ковачки има и Кривична пријава, за фалсификување исправа.

Кривичната протв Ковачки е поднесена до Судот во Делчево од страна на СВР Делчево, неговиот роден град. Иако станува збор за дело направено пред неколку години тоа многу говори за матрицата и кредибилитетот на Ковачки. Ете до толку е очаен Мицкоски“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски