СДСМ: Ковачевски со Бајден, Мицкоски со Апасиев, тоа е разликата

Од:

„Претседателот на СДСМ при посетата на САД се сретна и со американскиот претседател Џо Бајден. Посетата на САД, Ковачевски ја искористи да оствари средби со неколку европски државници, да ја закане меѓународната позиција на државата, да гради нови партнерства во време на светска економска и енергетска криза“, соопшти СДСМ.

„И додека Ковачевски прави дипломатски напори, Христијан Мицкоски заедно со неговиот единствен поддржувач, Димитар Апасиев дејствува на штета на граѓаните и државата.

Додека Ковачевски прави напори да обезбеди доволно електрична енергија и енергенси, додека Владата ги покачува пензиите и платите во бројни сектори, Мицкоски ги блокира инситуциите, изигрува шпицен градоначалник, обвинуван е за вмешаност во спорни тендери и се испорака со голем број од опозициските партии.

Тоа е разликата помеѓу одговорниот државнички однос на Ковачевски и СДСМ и деструктивноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски