СДСМ: Ковачевски на маса со европските лидери, Мицкоски изолиран со Апасиев

Од:

„Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во своето учество на првиот состанок на Европската политичка заедница, оствари бројни средби со европски лидери и високи претставници на ЕУ, со цел да ја зајакне меѓунардоната позиција на државта и да го реафирмира нашиот европки пат“, соопшти СДСМ.

„Ковачевски продолжува со напорите заедно со нашите пријатели и сојузници, да обезбеди доволно енергенси и електрична енергија за претстојната зима која ќе биде една од најтешките во Европа по Втората светска војна.

Во меѓувреме, Христијан Мицкоски заедно со неговиот единствен поддржувач, Димитар Апасиев, остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните.

Додека Ковачевски и Владата преземаат конкретни чекори за побрзо надминување на последиците од кризата, Мицкоски дејствува единствено за личните и интересите на одредена бизнис група во ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е разликата помеѓу одговорниот државнички однос на Ковачевски и СДСМ и деструктивноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски