СДСМ: Ковачевски го предводи концептот за европска иднина, Мицкоски за враќање во изолација

Од:

СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски е предводник на конпцептот за Европска Македонија, наспроти кој стои концептот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело во Христијан Мицкоски, кој ја води државата во изолација и враќање назад во минатото, велат од владејачката партија.

„Европскиот концепт, чиј предводник е СДСМ, значи заштита на македонската посебност и сигурна европска иднина, за подобар живот на сите граѓани. Тоа значи заштитен идентитет и македонски јазик, што се потврдува со претстојното потпишување на договорот со Форнтекст кој ќе биде потпишан на македонски јазик, без фусноти, ѕвездички и објаснувања.

Одговорните и тешки одлуки на институциите предводени од СДСМ обезбедуваат европска иднина. Спротивен концепт заговара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Концептот на Христијан Мицкоски ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ.

Со одговорните и државнички политики на СДСМ и Ковачевски, државата до 2030 година може да стане полноправна членка на ЕУ. Македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од европското семејство, да имаат подобар европски животен стандард“ се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни