СДСМ: Кошничката нема ефект, јајцата, зејтинот, јогурот, кашкавалот, со повисоки цени

Од:

Реалноста во маркетите и продавниците којашто граѓаните ја гледаат секој ден е дека цените не само што останаа високи, туку кај некои производи и дополнително се зголемија, вели Лолита Ристова од СДСМ.

Таа на прес конференција рече дека партијата ги проверила центите по маркетите.

– Цената на зејтинот сега е 97 денари, а на 1 октомври се продаваше за 83 денари. Значи имаме зголемување а не намалување.Јајцата кои се продаваа од 75 до 85 денари сега се над 100 денари. Од 107 до 140 денари. Исто така покачување на цените. Кај мешаното сирење нема промени и цените се движи околу 450 денари – непроменето. Кашкавалот е поскапен и сега е над 600 денари за килограм. Јогуртот со 3,2% масленост, во некои маркети достигна и над 72 денари, исто така зголемена цена. Намалувањето кај кравјото сирење е минимално – само 5 денари, и сега е 398 денари за килограм. Ова е реалноста, ова се фактите кои јасно ја покажуваат измамама која со кошничката им ја приреди власта на граѓаните, рече Ристова.

Според неа, ако власта ја прифатела идејата на СДСМ за укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, едно семејство би заштедило 2.000 денари месечно, или 24.000 денари годишно.

– Тоа што власта не ја прифати оваа мерка покажува дека Мицкоски им удоволи на трговците и дозволи тие да се богатат на грбот на граѓаните, вели Ристова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари