СДСМ: Кошничката е измама, инфлација од 4,3% во ноември покажувата дека цените веќе се покачени

Од:

Измамама со така наречената новогодишна кошничка е во веќе покачените цени на производите на храна и пијалок кои граѓаните ги сведочат во маркетите во изминатиот период, велат од СДСМ.

– Власта на Мицкоски им остави време и трговците ги покачија цените. Тоа освеш што го знаат граѓаните го потврдуваат и официјалните податоци на Државнот заводот за статистика.

Инфлацијата во месец ноември е зголемена и изнесува 4,3% а зголемувањето е најмногу како резултат на зголемувањето на трошоците на животот за храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %.

Значи јасно е како ден дека Мицкоски направи дил со трговците дозволувајќи им да се богатат на грбот на граѓаните.

Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он