СДСМ: Корупциски скандали и превирања во ВМРО-ДПМНЕ со заеднички именител – пари

Од:

„Не помина цела година од локалните избори, а ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето вистинско лице. Се потврди дека не им се важни интересите на граѓаните, туку само парите, криминалните тендери, провизиите, партиските вработувања и личните интереси“, соопшти СДСМ.

„Шпицниот градоначачник Христијан Мицоски и скопската градоначалничка Данела Арсовска се скараа, не за идеолошки или политички прашања, туку за јавните пари, за тендер вреден 136 милиони евра.

Нивната кавга може да го загрози проектот за пречистителна станица за Скопје, исто како што им останаа ненабавени ветените 250 еколошки автобуси, за чија набавка Мицкоски и Арсовска заедно преговараа.

Во ВМРО-ДПМНЕ заглавени во деструкции и криминал, превирањата им станаа јавни, со парите како заеднички именител.

Јавноста се увери дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, шпицниот градоначалник Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор.

По криминалниот проект Скопје 2014, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да приредат нова катастрофа Скопје 2024“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски