СДСМ: Коренити промени во образованието

Од:

„Создаваме образование по успешни европски модели како во Словенија, Финска, што одговараат на приликите во Македонија.

Го намалуваме бројот на предмети во основното и средното образование и обемот на наставата. Се фокусираме на носечките предмети (математика, македонски јазик и литература, странски јазици, компјутерски вештини).

Го укинуваме екстерното тестирање и високите казни.

Го враќаме задолжителното предучилишно образование за децата.

Ја враќаме автономијата на универзитетот.

Градиме универзитетски центар. Помагаме во издигнување на студентскиот стандард.

Обезбедуваме бесплатен градски превоз за студентите и попуст за меѓуградскиот превоз за студентите од внатрешноста.

Воведуваме програма Гаранција за младите што овозможува секој млад човек во период од четири месеци по завршувањето на школувањето да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, пракса, тренинг.

Според последни податоци на Светска банка, над 600 000 граѓани си заминале од Македонија од кои повеќето се млади.

Партизацијата на образовните институции го урниса образовниот систем.

СДСМ има визија како да ги промени состојбите во образованието.

Денеска, 04.11.2015 година, во објектот на Скопски саем ќе се одржи дебата на тема Коренити промени во образованието. Визијата на СДСМ ќе ја споделат со вас граѓаните потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов и претседателот на СДММ, Стефан Богоев.

На дебатата со презентација за искуствата од образовниот систем во Финска ќе се обрати и гостинот, Јухани Нокела, советник за образование од Финска.

Потоа отвораме дебата. Заедно можеме да направиме коренити промени во образованието, во интерес на нашите деца, на младите, на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он