СДСМ: Конкретните мерки за заштита на светското наследство на Охридскиот Регион се препознаени и уважени од УНЕСКО

Од:

„Заложбите на парламентарното мнозинство, на Владата, на единиците на локалната самоуправа и на надлежните институции за заштита на светското наследство на Охридскиот регион се објективно препознаени и валоризирани“, велат СДСМ.

„Со консензус е донесена одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО – природното и културно наследство на нашиот Охридски Регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

Со оваа одлука Комитетот укажува дека го препознава и уважува напредокот на Република Северна Македонија насочен кон зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.

Ова е конкретна потврда за преземените мерки, за напредокот за заштита на вредностите на Охридскиот Регион, но и предупредување дека мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство.

Ова не значи дека работата е завршена, пред нас се бројни предизвици, но со силна посветеност и ангажираност заеднички ќе ги надминеме.

Во периодот што престои, како што најави Владата, заедно со Албанија, ќе ја засилиме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел комплетна имплементација на Планот за управување со светско природно и културно наследство во Охридскиот Регион.

Северна Македонија продолжува со исполнување на препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство во соработка со општинските власти во Охрид, Струга и Дебарца како и со граѓаните и надлежните институции.

СДСМ преку владата и институциите што ги предводи останува целосно посветена на заштита на Охридскиот Регион, но и на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните кои живеат во тој регион признат како светско наследство“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални