СДСМ: Конфузното раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема допир со реалноста и фактичката состојба

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Конфузното антизападнато раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема никаков допир со реалноста и фактичката состојба.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека прогресивниот данок се однесува на само 1 отсто од граѓаните со највисоки доходи, останатите граѓани остануваат на досегашната стапка на оданочување.

Со таквиот прогрсивен данок ќе се обезбеди фер и праведно оданочување на граѓаните, а ќе се намали економскиот јаз меѓу граѓаните што токму ВМРО-ДПМНЕ го продлабочи со 11 годишното криминално и расипничко владеење, кога илјадници граѓани беа на раб на егзистенција.

Со воведувањето на даночната реформа се обезбедуваат дополнителни 25 милиони евра во Буџетот со кои ќе се финансираат мерки за тррајно извлекување од сиромаштија на најранливите категории граѓани.
Истовремено, социјалната помош се зголемува за 300 отсто, а се воведува и образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.

Со воведувањето на пензиско социјалните реформи конечно добаваме стабилен пензиски фонд и ставање под контрола на буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголемил за 150% отсто токму поради криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на праведно и фер оданочување , како и подобрување на економскиот статус на најранливата група на граѓани.

Даночната реформа и пензиско социјалната реформа обезбедуваат еднакво општество за сите граѓани, колку и да е тоа неприфтливо за антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски