„Комичните изјави на Христијан Мицкоски во стилот „јас не сум од тука“ се показател дека власта е фатена жива како помилува нарко босови и не знае како да се извади за огромниот скандал. Одлуката за помилување криминалци и нарко босови од кланот Барон е донесена и потпишана лично од претседателката Сиљановска Давкова, на предлог на Комисија којашто самата си ја избрала“ реагираат од СДСМ на денешната изјава на премиерот дека „случајот со помилувањата дадени по повод 23 Октомври, кој предизвика превирања во јавноста, е оставен од претходната Влада кој имал токму за цел да имплодира во овој период“.
Опозиционерите велат дека „по жестоките реакции на јавноста власта се загуби и не знае како да го покрие овој скандал па гледаме фарса и театрални потези“.
„Во стилот `не е знајала` Силјановска прво се обиде да ја префрли вината на Комисија. Откако тоа не помина власта го уапси Акиф Равмановски обидувајќи се да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука. Фарсата кулминираше денеска со комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце. Нема бегање, се е јасно, ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури. Наместо да се прави дека не е тука Мицкоски да одговори дали тој го нарача помилувањето? Кој ќе понесе одговорност за овој скандал?“ порачуваат од СДСМ.