СДСМ: Колку илјадници евра народни пари потрошил Груевски, ако годишно ,,заштедил“ 118.629 евра?

Од:

„Ако на Груевски му успеало со ,,тајна формула“ да заштеди по 10.000 евра месечно со месечна плата од 1.400 евра тогаш колку ли илјади евра народни пари Груевски потрошил за еден месец, а колку за една година?

Никола Груевски го третираше народот како свој личен спонзор кој треба редовно да ги плаќа неговите екстра-луксузни потреби за богатство, скапи одмори по светот, Maybach очила од 60.000 долари, луксузна лимузина Мерцедес од 600.000 евра, милионски парцели на Водно, станови во Скопје…

Во услови кога повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија Никола Груевски живее кралски со годишни заштеди од 118.629 евра.

Тој е должен да го открие ,,успешниот рецепт“ по кој му успеало месечно да заштеди 10.000 евра со плата којашто изнесува само 14% од неговата месечна заштеда или само 1.400 евра?

Пеку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа за оф-шор релациите на Груевски со рајски земји, за милионските провизии, за комбињата кои шетале да бараат милионски парцели за екс-премиерот по Скопје и Водно…

Дали преку оф шор релациите со рајските земји Никола Груевски изнесувал пари на граѓаните и на тој начин се збогатил за 118.629 евра за една година, само според достапни официјални податоци?

Ништо нема да го спаси Никола Груевски. Ниту нарачаната аболиција кај Горѓе Иванов, за него и за неговите соработници.

Целосно поништување на аболицијата ќе има и сите кои правеле злоупотреби ќе одговараат“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС