СДСМ: Колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа полицајците кои сега се приведени?

Од:

„Приведените полициски службеници се лицата за кои СДСМ ги објави сите факти и аргументи во серијалот „Вистината за Кочани“. Без притисокот од СДСМ, јавноста и дел од медиумите немаше да се постапи воопшто. Се потврди дека СДСМ ја зборува вистината за трагедијата во Кочани од првиот ден. Со месеци Тошковски и Јанев ги штитеа и ја лажеа јавноста дека нема никаква вина кај полициските службеници кои се директно одговорни за пожарот во кој изгореа 62 деца а над 200 беа повредени“ соопштија денеска од СДСМ.

Од партијата велат „За тоа време се остави огромен простор истрагата да биде компромитирана, можно е да биле уништени важни докази“.

„СДСМ прашува: Колку докази исчезнаа во меѓувреме додека Тошковски и Јанев ги штитеа нивните полицајци и функционери? Ова е недозволиво однесување и мора да има целосна институционална, политичка и кривична одговорност. Кривична одговорност од Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност, кој ги поставил, им давал наредби. За да не влијае на истрагата и расчистување на случајот треба да си понесе оставка“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби