СДСМ: Колку чини филмот од кајче на Груевски – Ставрески – Рој?

Од:

Груевски и Ставрески мора веднаш да излезат пред нас граѓаните да кажат колкави се штетите по Република Македонија од нивната авантура со нивниот бизнис партер Субрата Рој.
Како Владата ќе ги наплати штетите, кога сите пари на нивниот партнер во затвор, се блокирани, велат од СДСМ.

За жал, дури сега откако штетите се непоправливи, се случи тоа на што СДСМ предупредуваше за сомнителниот и контроверзен бизнисмен Субрата Рој – дека мора да се прекине Договорот со човекот кој во неговата матична земја Иднија е обвинет за криминал со пари на негови сограѓани!

За тоа време, со месеци над 5.000 хектари стојат непосеани.

Овчеполските земјоделци не можеа да бидат ни аргати на земјата дадена на индискиот газда.
Ни евро не е префрлено од милионскиот Договор на Владата со индиецот Рој.

Мултимилијардерот од Индија, бизнис партнерот на Груевски и Ставрески излезе наводен бизнисмен, како што излезе наводна инвестицијата за градење фарми за 20.000 крави, производство на 75.000 тони добиточна храна, вработување 2.000 лица, 60 милиони евра првична инвестиција, за што власта му довери над 5.000 хектари непроценливо плодно земјоделско земјиште.

Груевски и Ставрески треба да објаснат што ќе се случи и со дадените плажи на Охридското езеро на наводниот инвеститор.

Или, колку вкупно чини филмот од кајче на Груевски – Ставрески – Рој?

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите