СДСМ: Колку чинеше дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ, дали пропаднатиот митинг надмина 300.000 евра?

Од:

„Дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ, односно неуспешноста на вчерашниот митинг на Христијан Мицкоски упати јасна порака дека граѓаните не се за деструкции и блокади и не сакаат предвремени избори. Но колку чинеше дебаклот на ВМОР-ДПМНЕ? Математиката е едноставна“, соопшти СДСМ.

„На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови.

Превоз за 20.000 членови чини околу 200.000 евра. Ако на тоа се додадат и останати трошици за нив, вода, сок, сендвич, бина, озвучување, струја и се друго потребно, сумата е значително поголема.

Дали пропаднатиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ја надмина сумата од 300.000 евра?“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО