СДСМ: За Мицкоски граѓаните се статистичка грешка

Од:

„Несериозноста и антидржавното однесување на Христијан Мицкоски отидоа дотаму што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јавно изјави дека за него граѓаните се статистичка грешка.

Граѓаните не се и нема да бидат некаква грешка, како што вели Мицкоски. Граѓаните се најважни, тие се на прво место.

Мицкоски како да сака да се натпреварува со деструктивниот блок на политичката цена кој е против напредокот на Македонија и ченството во НАТО и ЕУ, блок којшто сака да ја закочи македонската иднина.

Која е причината што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат став за најважното прашање за македонската иднина?

Дали се против НАТО и ЕУ?

Мицкоски треба да знае дека огромното мнозинство граѓани се цврсто определени за напредок, интеграција и обезбедена македонска иднина во ЕУ и НАТО.

Му се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе го имаат последниот збор, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.

На референдумот на 30 септември граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина, ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО со зајакнат и загарантиран македонски идентитет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски