СДСМ: Кој и на каков начин го финансира „Курир“?

Од:

„Со недели нема одговор што навистина е Курир, информативна агенција, интернет портал, агенција-партија?

Нема одговор ниту на прашањето кој го финансира „Курир“?

Поврзаноста на фирмата сопственик на „Курир“ ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски, преку фирмата НВСП отвора уште една димензија.

НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто во проектот Вистината за Македонија се покажа дека стои лично братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Проектот Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП, кадешто сопственик е Владислав Стајковиќ, е дел од провизијата од 540 илјади евра што Сашо Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Во еден од објавените разговори помеѓу судиката Костовска и израелскиот посредник, таа ја споменува фирмата НВСП како фирма на којашто сметка би требало да легнат средствата.

Јавноста очекува одговори на прашањата: кој и на каков начин го финансира „Курир“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски