А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Кој да го чува народот од расипништвото на власта?

by А1он20/10/2012 - 14:3524/11/2016 - 20:04152
Share0

Сè повеќе проектот „Скопје 2014“,  станува дупка без дно за народните пари. Откако уметнички и градежно го нагрдија градот, сега власта само измислува нови милионски сомнителни договори за да ја зголеми сумата на фамозниот проект, но и да ги задоволи свои блиски фирми, реагира СДСМ.

Добивај вести на вибер

„Последниот нејасен и сомнителен договор е со агенција за обезбедување која граѓаните ќе треба да ја лаќаат 120 илјади евра годишно. Освен сомнежи за криминал и профит,токму во пресрет на изборите,ангажирањето на обезбедување отвора и други дилеми.Од кого власта ги чува спомениците ако постојано не уверува дека Скопје 2014 има силна поддршка кај поголемиот дел од народот? Кој е тој што ќе нападне, демолира или уништи споменик што е направен со негови пари?“, праша Александар Наумовски.

На крајот на краиштата, праша, зошто ја плаќаме полицијата? Ако постојат поединци или групи кои сакаат да им наштетат на спомениците, тогаш што ќе прави полицијата која ја плаќаат токму граѓаните, а една од основните задачи и е чување на јавниот ред и мир. Дали полицијата не знае, нема капацитет да чува споменици, па тоа го препушта на приватни агенции? Што треба ова да значи, дека агенциите за обезбедување имаат подобар капацитет од полицијата?

„Апсурдно е граѓаните да плаќаат два пати за иста услуга. Еднаш за полицијата, еднаш за обезбедувачите. Но без тоа, агенциите блиски до власта нема да профитираат и да делат провизии од скапиот бизнис.Власта се повеќе троши на заштита на нејзините дела и на заштита на самата себе. Освен полицијата, нејзините споменици ќе ги заштитуваат и приватни агенции. А кој да го зачува народот од расипничкото трошење на власта за споменици , фасади и реклами“, рече Наумовски.

СДСМ ги повикува надлежните веднаш да ги раскинат договорите за обезбедување на спомениците. Таа работа, ако е неопходна, да ја преземе полицијата која прима плата за да го чува редот во градот. Ако ова не се случи одново ќе се потврди дека пералницата за пари Скопје 2014 нема намера да запре со голтањето народни пари.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен