СДСМ: Климовски во одбрана на уништувањето на професионализмот во МВР

Од:

Политички диригираната изјава на претседателот на Македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовски, ја потврдува политизацијатата на тесното раководството на синдикатот, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Наместо да застане во одбрана на правата на полициските службеници, кои со години не добиле униформа, обувки, чизми, кои немаат основни средства и услови за работа, на кои не им е исплатена прекувремената работа и кои во континуитет се изложени на притисоци, закани и пријави за мобинг, Тихомир Климовски застана во одбрана на политиките на систематско уништување на професионализмот во МВР. Јавноста не го слушна Климовски да пројави интерес за полициските службеници кои од политички причини противзаконски беа распоредувани и деградирани во континуитет“, се вели во соопштението.

Тихомир Климовски не застана во одбрана на законот кога со дозвола на раководните структури во МВР, беа заплашувани граѓаните за време на избори од полициски службеници кои исполнувале партиска агенда, вели СДСМ и додава:

„Молчеше Климовски и за партизацијата на МВР и негово претварање во партиски штаб од страна на Гордана Јанкуловска. Синдикатот, полициските службеници и сите вработени во МВР немаат причини да стравуваат од остварување на целта за законито и професионално работење. СДСМ е посветен на агендата за враќање на системот на вредности во полициското работење и целосно почитување на законите кои ги уредуваат прашањата на полициското работење и правата на полициските службеници“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски