СДСМ: Ќе следува одговорност и за нелегалната изградба на улицата на Кеј

Од:

„Предупредуваме дека за нелегалната градба на улица којашто го узурпира Кејот на Вардар и со тоа ги загрозува интересите на граѓаните ќе има одговорност!

Недозволиво и кукавички, спротивно на интересите на скопјани утрово во пет часот, спротивно на законска постапка за градба, започнаа градежни активности за изградба на улица на кејот на реката Вардар, покрај Градскиот трговски центар, без претходно да биде доставено барање и без дозвола од надлежните институции.

Станува збор за улица којашто град Скопје ја додели за изградба на бизнис партнерот на Никола Груевски, Алек Теранова којшто доколку не ја изгради, ќе изгуби 3.176 милиони евра од последната рата, пари коишто треба да му бидат префрлени заради изградба на новата зграда на Телеком. Бидејќи станува збор за нелегална градба, без обезбедено одобрение за градба, овие нелегални активности претседателот на ОО СДСМ Центар ги пријави до надлежните инситуции, општина Центар и Министерството за внатрешни работи.

Демократските процеси се почнати, Македонија ќе биде правна држава и сите кои работеле спротивно на законот ќе се соочат со одговорност“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?