СДСМ ќе оди на разговри ако и се прифатат бараните тези

Од:

СДСМ ги соопшти своите принципи уште пред неколку месеци и во оној момент кога ќе постои спремност за разговари за тие тези, што е принципиелно, ќе може да започнат разговорите и преговорите за решавање на политичката криза, изјави денеска портпаролот на партијата Петре Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање за решавањето на политичката криза по вчерашното обраќање на премиерот, Шилегов рече дека доколку тој навистина се согласи на тие принципи тогаш и само тогаш ќе можат да разговараат. Повторно посочи на нивниот став техничка влада да ги спроведе изборите.

Апсењето на функционер на СДСМ во Куманово, рече дека нема да го коментира бидејќи нема никакви сознанија, но вели, ако некој се огрешил од Законот, тоа се негови лични работи и не станува збор за политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија