СДСМ: Ќе ја укинеме радиодифузна такса!

Од:

„Граѓаните нема да ја плаќаат радиодифузна такса.

Граѓаните се изјаснија дека сакаат нова одговорна Влада, којашто ќе се грижи за нивните потреби, а ова е една од нивните потреби.

Бидејки ова е една од мерките за намалување на трошоците за живот на граѓаните.
Исто така тоа ќе се ослободи граѓаните од притисокот што сега го имаат, им тропаат извршители на врата, не можат да земат плата – поради блокирани сметки за радиодифузна такса. Само во декември беа подготвени решенија за присилна наплата на повеќе од 47.000 граѓани, во услови на огромна сиромаштија во Македонија. На многу наши сограѓани претпразнично им беа земани последните пари од нивните сметки за радиодифузна такса, или пак остана без егзистенција поради оваа давачка.

Завршува времето на досегашните закани и блокади кон граѓаните од УЈП за радиодифузна такса.

Македонската телевизија ќе се финансира државата од Буџетот и од други средства, од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ. Од Буџетот на Република Македонија ќе се одвојува помеѓу 0.5% и 0.7% за националниот сервис МРТ. Нема да има комерцијални реклами на Македонската телевизија, освен за откупените програми каде што е задолжително рекламирање на спонзорите. МРТ исто така ќе продуцира програма со користење на сопствените технички и кадровски потенцијали за свои потреби или ќе ја продава на останатите комерцијални радиодифузери.

Така одлучи мнозинството граѓани кои избраа промени, квалитетен живот и реални политики.

Промените се незапирливи, доаѓа таков живот во Македонија! Од оваа 2017 почнуваме да го создаваме животот што го избравме“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните