СДСМ: Ќе има нова Влада и локални избори, Груевски да престане да блокира

Од:

СДСМ реагира на изјавата на Никола Груевски и прес конференцијата на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе има нова реформска Влада и ќе има локални избори. Парламентарното мнозинството постапува одговорно кон граѓаните и сите потребни чекори се прават во насока на продолжување на демократските процеси како врвен граѓански и државен интерес.

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат со политиканството, со лицитирање датуми, со деструктивните политики со коишто го закочија процесот на формирање Влада, а ги оставија и граѓаните без градоначалници и советници, како и луѓе без плати и без општински услуги.

Продолжувањето на лагите за некакви платформи и несериозниот повик на Никола Груевски за предвремени парламентарни избори се уште еден во низата обиди на раководството на ВМРО-ДПМНЕ за закочување на демократските процеси.

Постои легитимно, демократски формирано, стабилно парламентарно мнозинство од 67 пратеници коешто ја претставува мнозинската волја на 700.000 граѓани кои се јасно определени за правда, заедништво и квалитетен живот за сите.

Постои и Програма на новата реформска Влада којашто ја гарантира унитарноста на Р.Македонија, работа на новата Влада според Уставот и во интрес на евро-атлантските интеграции.

Очекуваме Ѓорге Иванов и совесните политичари во ВМРО-ДПМНЕ, ако навистина мислат на интересите на граѓаните и на државата, а не на заштитата на криминалци, да постапат конструктивно и да ги поддржат демократските процеси.

Обврска на сите е да постапуваат согласно Уставот во интерес на државните и граѓанските интереси“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски