СДСМ: Ќе има независен и професионален судски систем во кој правдата ќе биде достапна за сите подеднакво

Од:

„Единствените исплашени од профункционирањето на правната државата и правдата што доаѓа се Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои со децениското криминално владеење нанесоа огромни штети врз државата и граѓаните.

Владата предводена од СДСМ, преку зацртаните реформи посветено ќе работи на создавање услови за независен и ефикасен правосуден систем. Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат независно, чесно и професионално судство. Токму затоа, една од клучните реформи ќе биде реизборот во судството, кое ќе се спроведува според познати европски пракси, далеку од влијанието на политичарите.

На тој начин, наместо досегашното партизирано Сваровски судство, Македонија ќе добие независно и професионално судство во кое правдата ќе биде достапна за сите подеднакво.

Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите подеднакво без разлика на нивната етничка, верска или партиска припадност. Секој граѓанин на Република Македонија, ќе одговара за своите постапки пред независен и непристрасен судски систем и тоа е најголемиот страв на криминалното раководство на ВМРО ДПМНЕ“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски