СДСМ ќе им го врати достоинствениот живот на граѓаните

Од:

СДСМ заедно со граѓаните, по бројните средби ширум цела Македонија ја направи Програмата за враќање на средната класа. Тим на СДСМ веќе подготви дополнувања на програмата со нови предлози и решенија. Оваа програма ќе им го врати достоинствениот живот на граѓаните, одземен од тесната профитерска група на власт.

ВМРО-ДПМНЕ си го гледа крајот под водство на нивниот претседател Груевски и неколкумина негови соработници вмешани во криминално – корупциските афери што ги откри проектот Вистината за Македонија и затоа преку пропагандата измислуваат лаги.

Колку е исплашен Никола Груевски, освен излитената фраза за тоа дали СДСМ има програма, покажува и споменувањето на специјалниот јавен обвинител каде што ќе стигне. Тоа изгледа му стана ноќна мора.

Според договорот за разврска на политичката криза, што го потпиша и Никола Груевски во Пржино, специјалниот јавен обвинител, кој ќе биде именуван според нова законска регулатива, ќе има надлежности за `се што е поврзано со прислушувањето и со содржината на објавените разговори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?