СДСМ: Ќе го запреме криминалното градење на Плаошник!

Од:

Се наоѓаме на Плаошник, на уште едно место на злосторство врз културното наследство и природната убавина на Охрид. Сите се згрозени од криминалното градење на Плаошник, вели Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Екологистите се згрозени од уништувањето на боровата шума која е природна атракција и туристички бисер на Охрид. Туристите се згрозени од забранетиот пристап и уништувањето на преубавиот поглед на Плаошник. Верниците се згрозени од сквернавењето на верските симболи. Архитектите се згрозени од бетонски чудовишта кои трајно го цементираат Плаошник.

Археолозите се згрозени од уништувањето и засенувањето на вредните археолошки наоди.

Експертите за културно наследство и УНЕСКО се згрозени од неподносливата леснотија со која се уништува постоечко и потенцијално културно наследство.

Почитувани, наша обврска е да ги казниме политичарите кои ја уништуваат убавината и културата на Охрид со грозоморните градби на „Плаошник“. Наша должност е да ги казниме тие што лажеа дека УНЕСКО било среќно што се гради врз археолошки остатоци.

Наша обврска е да ги казниме политичарите кои го омаловажија словенскиот дел од нашата историја, а потоа лажно се претставија ако обновувачи на Светиклиментовиот универзитет со изградба на бетонските чудовишта на Плаошник.

По 11 декември 2016, ќе ги стопираме сите криминални градежни активности на Плаошник, ќе ја обновиме уништената шума, ќе го зачуваме културното наследство, а Охрид ќе го вратиме на културната и туристичка мапа како светски културен центар на Словенската писменост.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ