СДСМ ќе тужи за насилна верификација на мандатите

Од:

Социјал демократскиот сојуз најави тужба до Управниот суд за насилна верификација на пратеничките мандати од страна на Собранието. Според најавите од партијата, тужбата ќе ја достават до Управен суд уште утре, а одговор според законот од таму треба да следува за седум дена.

СДСМ ќе бара времено стопирање на верификацијата на пратеничките мандати, додека трае управната постапка.

Од опозицијата се сомневаат во објективноста на судот, но посочуваат дека ќе ги искористат сите правни можности за да одговорат на самоволието на оваа власт. Од СДСМ потенцираат дека и во минатото имало примери кога пратеници враќале мандати и тоа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи ги Ивица Коневски и Марјан Ристески кои на овој чекор се одлучиле во 2011-та.

СДСМ брифира дека никој насилно не може да ги натера да ги прифатат мандатите, но и Уставот не познава принудно вработување во Собранието.

Од Управниот суд ќе се бара времена мерка на одлуката за стопирање на верификацијата на мандатите поради фактот што советите во некои општини каде советници на опозицијата добија пратенички мандати, закажале седници за одземање на советничките функции, а дополнително Собранието не им ги прифаќало изјавите дадени на нотар дека се откажуваат од пратеничките мандати. Од опозицијата се со став дека власта сака да направи целосен политички хаос, спротивно на Уставот и законите, а единствен нивен одговор бил правното делување.

Од СДСМ најавија дека во наредните денови ќе ги депонираат најавените оставки до Собранието. Тие претходно до Државната изборна комисија доставија изјави дека се откажуваат од пратеничките места, но и покрај ова Собранието им ги верификуваше мандатите.

Најавуваат дека борбата продолжува надвор од институциите кои според нив ги запоседнала оваа Влада. Неучеството во парламентот според опозицијата, го доведува во прашања е легитимитетот на Собранието но и на одлуките кои се носат без нивно присуство.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски