(ВИДЕО) СДСМ ќе бара новинарите и невладините да присуствуваат на преговорите за да се види која партија за што се залага

Од:

СДСМ ќе побара новинарите и невладините организации да можат да присуствуваат на преговорите за реформите во медиумската сфера. Целта е, како што велат, јавноста да се увери која партија за што се залага по шпекулациите кои веќе се шират во одредени медиуми, а кои ја обвинуваат опозицијата за предлози рестриктивни за новинарите.

– Од име на преговарачкиот тим на СДСМ, укажувам дека предлогот – новинарските организации и здруженија, поточно еснафот, да бидат дел од преговорите – ќе го ставам на изјаснување на другите учесници во преговорите. Укажувам и на тоа дека од првиот момент кога невладините организации побараа да бидат дел од процесот се заложив за тоа да бидат дел од процесот, меѓутоа меѓународните посредници сметаа дека поинакју треба да се води оваа активност. Заради вистината, зарадио тоа да се знае кој е за демократизација, ќе побарам невладините здруженија и организации и сите што имаат интерес, да бидат дел од овој процес, рече Роберт Поповски, член на преговарачкиот тим на СДСМ.

Тој рече дека до сега СДСМ покажала отчетност кон медиумите така што ги брифирала новинарите за се што се случувало на преговарачката маса. Тој го повтори ставот на СДСМ дека медиумите мора да бидат слободни, да се департизираат и да се создаде еднаков простор за опозицијата во медиумскиот етер.

На прашање дали се залага за партиско определени кадри во Агенцијата за медиуми, тој рече дека во последните години има партиско решение, односно дека директорот на Агенцијата е тврдо партиско вмровско решение.

– Сметаме дека на Македонија и треба целосна департизација и на регулаторните тела и на медиумската атмосфера за да има елементарни услови за избалансирано информирање што е предуслов за изборите на 24 април, рече Поповски.

Ставот на СДСМ е телата што ги регулираат медиумите, како што се Агенцијата за медиуми и МРТВ целосно да се департизираат, а овие предлози, како што рече Поповски, се понудени врз основа на извештаите на Прибе, ОБСЕ и на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар