СДСМ: Кисела Вода 10 години е заборавена од Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На 5 минути од центарот на главниот град општина Кисела Вода е заборавена од Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ. 

Дел од улиците во Кисела Вода се преплавуваат и при најмал дожд, а во матниот Вардар Груевски и Коце ставија три врби вредни 250.000 евра.

Дупките и лошата инфраструктура стана заштитен знак за Кисела Вода  а граѓаните се соочуваат и со проблемот на неосветлените улици.

Приоритет за Коце Трајановски беше партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ а не изградбата на било каква инфраструктура во Кисела Вода.

Градинките се пренатрупани, објектите кадешто престојуваат најмалите се застарени. 

ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски не реализираа ниту еден од приоритетните проекти во Кисела Вода. 

10 години Градот Скопје е ставен во функција на болната потреба на Никола Груевски за барок и луксуз.

10 години Коце Трајановски единствено ги слушаше наредбите на неговиот наредбодавец, Никола Груевски.

За 10 години Коце ни една секунда не помисли на скопјани.

Најмалку на граѓаните на Кисела Вода, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски