СДСМ: Кавгите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Данела не се веќе на грб на скопјани, Ковачевски ја тргна блокадата

Од:

„Претседателот Ковачевски ја тргна блокадата, сообраќајниците во Скопје им се вратени на граѓаните, кавгите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска не се веќе на грбот на скопјани. Граѓаните на Скопје не заслжуваат преку нив да се наплатува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска“, велат од СДСМ.

„Одблокираните скопски улици се придобивка за граѓаните на Скопје. Очекуваме улиците да останат отворени и граѓаните да можат да се движат слободно во главниот град.

Во наредниот период сите засегнати страни, од градот Скопје и превозниците треба да седнат и да разговараат за изнаоѓање на решение.

Преку дијалог, без закани и НЕ врз грбот на граѓаните!

Граѓаните на Скопје плаќаа превисока цена со блокадите, само поради кавгите на Мицкоски и Арсовска.

Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е неспособна и деструктивна партија која не може ниту најнормален дијалог да воспостави, а не пак да понуди некакво решение.

ВМРО ДПМНЕ создава само проблеми, не само во Скопје, во целата држава, каде што има градоначалници“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни