Извршниот Одбор на ОО на СДСМ-Кавадарци на седница од 13.02.2013 година донесе едногласна одлука за исклучување и престанок на членството во СДСМ на Панчо Минов поради повреди на Статутот на СДСМ, односно поради неговото кандидирање како независен кандидат за градоначалник без согласност на СДСМ, како и заради непочитување на одлуките и ставовоите на органите на СДСМ.
„Панчо Минов стана 2 пати народен пратеник и 2 пати градоначалник на Кавадарци, подржан токму од СДСМ. Но и покрај тоа, тој никогаш не покажа лојалност кон оваа партија. Имено се работи за обичен тројански коњ на ДПМНЕ во Кавадарци кој што глуми опозиција.
– Е сега, дали Панчо Минов стана пулен и марионета на ДПМНЕ уште за време на неговиот втор градоначалнички мандат кога на повеќе директорски позиции постави кадри на ДПМНЕ? Дали кривичните пријави кои ги има се причината поради која тој глуми опозиција? Дали неговата сопруга е сеуште директор на Средното земјоделско училиште поради тоа што е добар менаџер, или поради тоа што Панчо Минов добро менаџира со ДПМНЕ?
– Јасно се гледа дека Панчо Минов ниту работел-ниту работи за СДСМ, ниту за граѓаните на Кавадарци, туку работи исклучиво за неговите сопствени интереси и интересите на неговата потесна фамилија. Замислете, почитувани граѓани, Панчо Минов бил опозиционер! Па, може ли да замислите да имате неколку кривични пријави, вашата сопруга да е директор на, а вие да работите против ДПМНЕ и влакно да не ви фали?
– Меѓутоа, Панчо Минов не е свесен дека ДПМНЕ ќе го искористи, и на крајот ќе го смести онаму каде што му е местото. Исто така, Панчо Минов треба да и даде одговор на кавадаречката јавност на следниве прашања:
-од каде му е станот во Скопје од 165 м2 купен во 2005 год
-од каде му е дуќанот во центарот на градот
-од каде му е скапата кола
-од каде му се акциите во повеќето компании
-од каде му се банкарските депозити, а сето тоа во услови кога народот нема леб да јаде.
– Ова не се никакви измислици, ниту работи извадени од ракав.Ова се податоци за неговата имотна состојба превземани од Државната комисија за спречување на корупцијата, податоци дадени токму од него. Се додека кавадаречката јавност не добие одговор на овие прашања и не дознае зошто судските процеси против него упорно се развлекуваат, Панчо Минов нема никаков морален кредибилитет, ниту легитимитет да каже дека тој е опозиција.
– Затоа сакам да им се обратам на сите граѓани, на сите членови и симпатизери на СДСМ дека Панчо Минов ниту го застапува ниту работи за интересите на СДСМ. Во СДСМ нема повеќе место за транзициски профитери како што е Панчо Минов“, велат од СДСМ Кавадарци.