СДСМ: Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е причина за преговарачкиот процес

Од:

„Катастрофалната состојба во медимите и диктатот на власта врз голем дел од медиумите во Македонија е причина за преговарачкиот процес за регулација на работата на медиумите, со меѓународно посредништво.

Во извештајoт „Репортери без граници“ за 2014 та гиодина, Македонија падна на своето најниско рангирање досега, на 123 место во светот. „Фридом хаус“ Македонија ја рангира како “делумно слободнa” земја со влошувачки резултат во последните години.

ОБСЕ/ОДИХР во своите извештаи наведе дека повеќето медиуми се пристрасни кон власта и дека нема подеднаква медиумска застапеност.

Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е потврдена и во Извештајот на Европската комисија. Клучна забелешка на Комисијата е дека јавноста мора да има пристап до објективно и точно известување.

На претседателот на ЗНМ би требало да му биде јасно зошто се водат преговори за регулација на работата на медиумите.

Наместо принципиелно да ги застапува интересите на новинарската заеднца во прговорите претседателот на ЗНМ си дозволува да дава паушални политички квалификации што се непримерни за првиот човек на респектабилна организација како што е Здружението на новинари на Македонија.

Потребно е новинарската заедница и јавноста да дознаат зошто претседателот на ЗНМ повеќе не инсистира новинарите, медиумите и еснафските здруженија да бидат дел од преговарчкиот порцес.

Зошто претседателот на ЗНМ не соопшти каков е неговиот став по официјалниот предлог на СДСМ за присуство на медиумите, новинарите и еснафските здруженија на преговорите и одбивањето на овој предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите