СДСМ: Канческа Милевска и уништувачите на Плаошник ќе одговараат

Од:

„Залудно министерката Канческа Милевска сака да го скрие од јавноста злосторството што го направи врз културното наследство на Плаошник.

Власта го уништи преубавиот поглед на локалитетот Плаошник, иако УНЕСКО ги предупреди да не го прават тоа.

Сите граѓани на Македонија со свои очи видоа дека ВМРО-ДПМНЕ го упропасти и забетонира едно од најубавите места во Македонија.

Ветуваме, уништувачите на културното наследство ќе одговараат, а граѓаните и туристите ќе бидат сведоци на вистинска грижа и заштита на културното богатство на Плаошник и Македонија.

Охриѓани нема да ви простат за манипулациите и криминалите на Плаошник.

По декември ќе ги стопираме сите криминални градежни активности на Плаошник, ќе ја обновиме уништената шума, ќе го зачуваме културното наследство, а Охрид ќе го вратиме на културната и туристичка мапа како светски културен центар на Словенската писменост“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеколото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски