СДСМ: Како во Струмица и Куманово, ќе обезбедиме гас за цела Македонија, за Груевски е доцна

Од:

Природниот гас ќе биде достапен во цела Македонија и ќе го спроведе новата одговорна Влада.

Ќе обезбедиме сите граѓани на Македонија да го почувствуваат бенефитот од гасот како евтин и еколошки енергенс, што веќе со години го имаат граѓаните на општините Струмица и Куманово.

Доцна е за Груевски по 10 години, што било да ветува, велат од СДСМ.

Појавувањето на граѓанинот Груевски на најавениот почеток на изградба на магистрален гасовод Штип-Неготино е соочување на поранешниот премиер со фактот дека тој, Никола Груевски, ја остави државата без гасоводен систем.

Огромните разлики во цена, за овој најавен гасовод во споредба со почнатиот што никако да се доврши, Клечовце – Штип поврзан со вртоглави провизии од 55 милиони евра само ги потврдуваат сомнежите за корупција.

Исто така најавениот нов гасовод, нелогично го одминува ТЕЦ Неготино, што ја потврдува негрижата на државата кон оваа термоелектрана.

СДСМ во својата програма како приоритети ги имам и овој термо енергетски капацитет и гасот.

И едното и другото ќе ги реализираме, веднаш по промените што ќе се случат во декември, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија