СДСМ: Како „Република” и медиумските курири се стекнуваат со милионски приходи?

Од:

„„Република” и останатите медиумски курири на уредникот во заминување Никола Груевски со недели молчат за милионите на нивните сметки.

Штама во “Република” за приходите од над 1.1 милион евра. Со недели од овој провладин неделник нема одговори за начинот на финансирање.

Зошто и „Република“, како и „Курир“, молчи за милионските приходи?

Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години неделникот „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.

Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

Како им успева на медиумите што ги уредува Никола Груевски да се стекнат со милионски приходи?

Кои други портали имаат милиони на своите сметки и што се крие зад милионските приходи на провладините медиуми?

Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.

Jавноста очекува одговори како „Република“ се стекнала со приходи од 1,1 милиони евра?“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата