СДСМ: Каде се становите за војниците за кои по 7 години лаги добија бројчиња на хартија?

Од:

Кога од Министерството за одбрана прашуваат што направи СДСМ за армијата, добро би било да знаат дека СДСМ заедно со граѓаните ја формираше АРМ.

За жал, ВМРО-ДПМНЕ ја спушти на дното во општеството, а војникот го задолжи во кредити како и сите останати граѓани. Војниците поради ниските плати и нередовна исплата на ниските дневници и додатоци не се кредитоспособни да добијат кредит во комерцијалните банки кои ќе го поддржат овој проект на власта кој функционира само на хартија. Ниту 5 отсто од армискиот персонал нема да го почувствува овој проект, а доказ за тоа е малиот интерес на апликанти во МО.

Проектот веќе седма година се најавува од секој министер за одбрана пред избори, а во розевиот свет на пропагандата на Груевски цело време се распоредуваат станови кои не само што не постојат, туку за кои не е ни започната градба.

Министерот Јолевски најави камен темелник за градба за која се уште нема уредна градежна дозвола, нема спроведено постапка за избор на изведувач, но тоа е стилот на ВМРО-ДПМНЕ, сликај се со лопата, саморекламирај се, и со тоа си ја завршил работата.

Ваквите состојби и понижувачки однос кон војската наскоро ќе завршат. По 11 декември доаѓа одговорна власт која што ќе се грижи за одбраната и безбедноста на државата, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски